Стилски лекции: Како белата кошула да биде секогаш совршена?
Без дилема, белата е најпосакувана боја кога станува збор за кошулите, но исто така е и најтешка за одржување, особено ако го носите ова парче облека, секој ден во текот на работната недела.
Со цел вашата кошула да доживее нова младост и да не се пензионира предвреме, ние ви откриваме неколку корисни совети кои дефинитивно ќе ви помогнат.
1.Носи, пери, носи
Исперете ја кошулата веднаш после првото носење. Многу луѓе ја носат истата кошула два или три пати пред да ја исперат. Ова не е препорачливо, бидејќи така им дозволувате на флеките и бактериите подолго да се задржат на вашата кошула, што ќе ви го отежне нивното отстранување при текот на следното перење. За кошулата да ви остане блескаво чиста, ставете половина чашка бел вински оцет во машината за перење. Специфичната киселина има огромна моќ да ги отстрани нечистотиите, па дури и дамките од крв и црвено вино.
2.Не е препорачливо да користите сапун
И покрај фактот дека почесто треба да ја перете кошулата, не треба да користите сапун во овие прилики. Вишокот на хемикалии од сапунот и детергентот можат само дополнително да ја ослабнат ткаенината на кошулата. Детергентите доаѓаат во контакт со кошулата неколку пати за време на перењето, така што ако ставите премногу, машината нема да може правилно да ја испере, што ќе ја направи кошулата да изгледа доста круто и сиво. Затоа, внимателно утврдете ја точната количина на детергент што ја користите при перење.
Најдобар начин за да и го продолжите животот на вашата кошула е да ја носите поретко. Ако сте во можност да купите повеќе од една бела кошула, ова е најдобро решение, особено ако планирате да ја носите почесто. Секогаш е подобро да имате неколку парчиња на располагање.
3.Бидете внимателни при изборот на кошулата
Кога сте во потрага по нова кошула, најмногу треба да обрнете внимание на нејзината ткаенина. Колку е подобар квалитетот на ткаенината, толку подобро ќе ја износите и ќе ја перете без проблем.
4.Хемиско чистење
Професионалното чистење на кошулите е најмалку применливо решение, но воедно е и најефикасно.Препорачливо е привремено да ги однесете кошулите на хемиско чистење, бидејќи тоа најдобро ќе ги исчисти и заштити. По чистењето, вие добивате кошули без дамки, уредно испеглани и правилно исперени. На овој начин можете да им го продолжите векот на носење на вашите кошули.