Стилски водич за мажи: Како да изгледате добро во монохроматски стил
Иако е вообичаено мислењето дека жените посветуваат далеку поголемо внимание на модата и нивниот изглед, многу мажи би можеле да се спротивстават и да го докажат спротивното ...
Сè повеќе, тие се свртуваат кон стилски трикови, модни додатоци и други детали со цел да го издигнат својот изглед на нови височини, да остават совршен прв, втор и вечен впечаток и истовремено да се чувствуваат добро.
Да знаете што добро ви одговара и како да составите една комбинација облека се две навистина различни вештини што треба да се негуваат. Веќе имате целосна гардероба внимателно одбрани парчиња облека, но кога ќе дојде време да дизајнирате, работите не се толку едноставни. „Дали кошулата одговара на панталоните?“ Често е прашање што си го поставувате себеси, не сте сигурни во точноста и веродостојноста на одговорот што самите си го дадовте. Еве една тајна што ќе ви помогне да ја решите таа дилема засекогаш: изберете една боја и држете се до неа!
Тоа е трик што љубителите на минималистички стил секогаш го користеле и кој ќе ви даде можност да изгледате беспрекорно. Кога се држите до една боја кога конструирате еден изглед, тоа значи дека без оглед какви парчиња ќе одберете - еднобојни, риги, дезени - секогаш ќе бидете во хармонија. Покрај тоа, убавината на монотоната облека ќе ви открие дека имате доволно работи во вашата гардероба за да се посветите на овој конкретен моден тренд.
Подолу откриваме како да го користите класичното сиво, тегет и беж и секогаш да бидете шик и тренди:
Бетонска џунгла
Фото: Џошуа Скот
Не мора да ја изберете иста нијанса- згора на тоа, подобро е да не го правите тоа. Составот на сиви тонови и дезен со шари совршено ќе ви ја покаже убавината на монохроматската облека.
Браќа Блуз
Фото: Џошуа Скот
Монохроматската облека нè тера да се фокусираме повеќе на текстурите - плиш, велур, свила, твид и тексас ќе создадат богат слоевит изглед, што ќе ви даде можност да изгледате како милион долари дури и кога сте облечени лежерно.
Крем на кремот
Фото: Џошуа Скот
Понекогаш беж бојата веднаш се поврзува со досада, но кога се носи од глава до пети, може да биде неверојатно кул - важно е како че ја носите.