Стоилов: ЕХФ не е свесна што направи, бездушно не казни, јас сум тука и во добро и во лошо
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е разочаран од одлуката на ЕХФ да го елиминира тимот од Лигата на шампоните, срамота е, вели капитенот, сите ветуваа, а реализираа НУЛА.
Стоилов вели дека бил физички присутен на разговорите за помош, за тоа, и за одлуката на ЕХФ вели:
„Пред сè сум многу разочаран од одлуката на ЕХФ, мислам дека тие бездушно го казнија Вардар, оваа казна ги погоди сите во клубот, не вратија некоја година наназад. Тука сум долго време, тука и останувам, ќе го надминеме и ова. Се надевам дека Михајло ќе остане дел од клубот, го разбирам и него и неговите мотиви да размислува да си замине, тој го спаси Вардар од колапс, но не е целосно спасен клубот за тој да се повлече. Јас бев присутен кога се кажувало, кога се ветувале триста работи, едноставно сега не ми се верува дека ништо од тоа не е исполнето. Јасно е дека е тешко време, пандемија, војна, но да не се реализира ништо или нула од она што е ветено, тоа не е нормално“ – изјави Стоилов.