Спорт // Спорт
Стојчев: Ќе беше поинаку доколку први постигневме, гол, задоволни сме од настапот во Конференциската лига
Академија Пандев одигра одлично во Скопје на реваншот со Лехиа, но загуби со 1-2, а имаше можност резултатот да биде поинаков на стадионот на ФФМ.
Тренерот Ѓорѓе Стојчев, смета дека причина за поразот денес е тоа што не постигнавме први гол, а тоа беше целта.
„Ние се подготвуваме за брз гол, штета што не постигнавме први гол, а имавме шанси, и штета што на двата натпревари имавме први шанси а не успеавме да поведеме, ќе беше поинаков натпреварот ако постигневме гол на почетокот. Сепак сме задоволни, извлековме искуство, а нашиот противник беше поискусен, ние сме задоволни , истрчавме многу, можевме да дадеме повеќе голови ,што е тука е, ние се надеваме дека ќе ја пресликаме оваа игра и во нашето првенство“ - рече Стојчев по мечот.