Забава // Занимливости
СТРАШНО: Заради една жена, 6.500 луѓе се заразија со коронавирусот за еден ден
Од 100-200 заразени, бројот одеднаш се искачи на неколку илјади. Излегува дека тоа било токму во Дегу- Јужна Кореја, заради некоја црква или секта. Овие луѓе биле во Вухан и не известиле на никого, иако се знаело дека ситуацијата во Кина е сериозна, српскиот фудбалер Дејан Дамјановиќ ја раскажува приказната за ситуацијата во Јужна Кореја.
Поранешниот репрезантативец на Црна гора, за српскиот Телеграф откри дека „пациентот 31“ е виновен што зарази 6.500 луѓе за само неколку дена. Станува збор за жена од религиозна организација.
Дамјановиќ неодамна потпиша за Дега, тим од градот каде е епицентарот на коронавирусот. Сепак, поради вирусот, првенството беше суспендирано и жителите на овој град се во целосна изолација.
„Првите седум до десет дена епидемијата на вирусот беше шокантна за сите Јужнокорејците. Тогаш се случи раст и сите беа во шок. Од 100-200 евиндентирани, скокна на неколку илјади пациенти. Излезе дека токму тоа е во мојот град Дегу, заради некоја црква, дел од нивниот храм, во врска со работата на некоја секта. Се испостави дека овие луѓе биле во Вухан и тогаш не се пријавиле на никого, иако ситуацијата во Кина веќе беше сериозна. Тие не се регистрираа, тие ги криеја тие информации. Заминаа во одредена маса на луѓе овде во Дегу и тогаш настана хаосот. Една жена ги зарази сите луѓе. Тие ја нарекуваат „пациент 31“ затоа што 31-то лице во Јужна Кореја има коронавирус. Таа не кажа дека е заразена, другите не знаат, излега во градот и буквално ги заразија сите по ред. И сега овде во Дегу, во Кореја има 6.500 заразени од 9.000 “, сведочеше Дамјановиќ.