Струга 2022: Вардар го победи Алкалоид, Томовски запиша 15 одбрани

Бранителот на титулата од 2021 година, ракометарите на Вардар, ја запишаа првата победа во премиерниот натпревар на јубилејнoто издание на Меѓународниот ракометен турнир против новиот суперлигаш Алкалоид со 24-22(12-10) во рамките на вториот натпревар на првиот натпреварувачки ден.

Вардар наиде на сериозен противник во името на Алкалоид, дебитираше на клупата Кирил Лазаров како тренер.

Филип Талески со седум гола беше најефикасен во составот на црвено-црните, на голот блескаше  Томовски со  15 интервенции.

Кај Алкалоид,  Митев и Стојковиќ  најефикасни со по четири гола.