Судбинската средбата на Ѓоковиќ и патријархот: Павле ги отвори очите и засекогаш ја му ја промени кариерата „Тој ја стави раката на Новак и од тогаш ...“

Новак Ѓоковиќ не престанува да чекори кон златото на Олимписките игри, успеа да се пласира во финалето на олимпискиот турнир во Париз и тоа значи дека сигурно освојува медал на овој голем настан.

Ѓоковиќ по одиграниот меч уште еднаш го покажа православниот крст на синџирот околу вратот. Инаку, Новак со години го носеи крстот од Хиландар.

Неговата главна амајлија во текот на кариерата бил крст од тис, подарок од Света Гора и манастирот Хиландар. Исто така, неговата кариера ја одбележа средбата со патријархот Павле.


Судбинска средба

Тоа, според Срѓан, била судбинска средба, бидејќи после тоа Ноле влегол во познатата серија од 43 последователни победи, го освоил Вимблдон и станал првиот тенисер во светот.

- Мислам дека беше ноември 2009 година. Влеговме во неговата соба. Покојниот патријарх Павле, тогаш жив светец, седеше во фотелја на страна, во полузаспана состојба. Сопругата Дијана, Марко, Ѓорѓе и јас седнавме на работ од креветот, а Новак седна до него - изјави Срѓан во интервју за Политика.

Кога Новак влезе во собата на патријархот, тивко ја положи раката врз неговата и накратко го благослови.

Ѓаконот рече - Оче, Новак дојде, благослови го. Патријархот ги отвори очите, се сврте кон Новак и рече „сине, Господ да те благослови“. Ја стави раката на Новак. Од тој момент Ноле имаше 43 победи во низа - објаснил Срѓан.

Извор:Kurir.rs