Судот пресуди: Пајките победија
Патките на мала француска фарма можат да продолжат слободно да си квакаат, судот пресуди и ја отфрли тужбата од соседот кој се пожалил дека квакањето на патките го направил неговиот живот мизерен.
Судот во Дакс донесе пресуда дека бучавата произведена од шеесет патки и гуски на пензионираниот земјоделец Доминик Дат во подножјето на Пиринеите во југозападна Франција е во прифатливи граници, јави Франс 3.
„Патките победија“, изјави Дат за Ројтерс. „Јас сум многу среќен, затоа што не сакав да ги ликвидирам патките“, истакна тој.
Судската постапка е поднесена од неговиот сосед, кој пред една година се пресели од градот во имот оддалечен педесет метри од Дат.
Овој спор е последниот судски случај во серија во која се обидува да се „поткопаат“ модерните вредности на традиционалниот начин на живот во руралната Франција, за што локалното население ги обвинува новодојденците.
Пред два месеци, судот му дозволи на петелот на Морис да си кукурирка в зори, и покрај поплаките од соседите кои исто така се иселија од градот.