Суеверијата можат целосно да го замаглат нашиот ум: Зошто е лошо да веруваме дека црна мачка на пат е негативна појава
Зошто тропаме на дрво „не дај Боже“, зошто се плашиме ако ни помине црна мачка пред пат или мислиме дека ќе имаме седум години несреќа ако скршиме огледало?
Психолозите велат дека сите овие ритуали се облици на суеверие – верувања што, иако знаеме дека немаат натприродна основа, силно влијаат врз тоа како го доживуваме светот, среќата и несреќата.
Клиничката психологка д-р Сузан Алберс од Cleveland Clinic објаснува зошто на нив им даваме толку голема моќ.
Што се суеверја?
Суеверјата се ритуали или уверувања што поврзуваат одредени предмети, ситуации или постапки со среќа или несреќа – како кревање желба при ѕвезда-падалка, избегнување на бројот 13 или носење “среќна” облека.
Иако нема научни докази дека функционираат, тие ја активираат нашата емоционална страна, која често го победува разумот.
Најчести суеверја
Постојат во сите култури: „Не ставај чанта на под – ќе останеш без пари“, „Ако те чеша лева дланка – ќе изгубиш пари, десна – ќе добиеш“, „Чукни трипати во дрво“, „Скршено огледало носи седум години несреќа“, „Буф кај куќата – лоши вести“.
Психологијата зад суеверјата
Нашиот мозок сака да препознава обрасци и да создава врска меѓу причина и последица, дури и кога таква врска не постои.
Суеверјата создаваат чувство на контрола и сигурност. Ова често води до самоисполнувачко пророштво – ако веруваме дека нешто носи несреќа, ќе се однесуваме така што навистина ќе имаме лош ден.
Ова е и форма на „пристрасност на потврдување“, кога мозокот ги забележува само ситуациите што го поддржуваат нашето верување.
Може ли суеверието да биде корисно?
Д-р Алберс вели дека одредени ритуали можат да ја намалат анксиозноста и да го зголемат самодовербето – како кај спортистите кои имаат свои „среќни“ навики. Суеверјата, исто така, ја зајакнуваат поврзаноста со традицијата и културата.
Ризици
Претераното верување во суеверја може да создаде страв кај децата, да ја зголеми анксиозноста и да се развие во фобии или опсесивно-компулсивни однесувања. Ако почне да го нарушува квалитетот на живот, потребно е да се побара стручна помош.
Telegraf / Freepik