Супер агентот Мендеш, разговарал за спектакуларен трансфер на Роналдо во Барселона

Англиските медиуми тврдат дека Кристијано Роналдо со сигурност не останува во Јунајтед, а следна дестинација на Португалецот би можела да биде Барселона!

Менаџерот Жорге Мендеш кој важи за „супер-менаџер“ бил на разговор со раководството на Барселона, тема Роналдо.

Мендеш и Лапорта разговарале за четири играчи, едно од нив е изненадувачки и Роналдо, пишува „АС“ од Шпанија.

Засега е само „разговор“, но фудбалскиот свет шпекулира дека на Барселона и потребна ваква „маркетинг шок-терапија“, Роналдо во дресот на Барселона би било рамно на сензација.