Супер потег на ФФМ: Без трошоци за родителите во детската лига
Фудбалската федерација на Македонија во интерес на развој на фудбалот со потег кој оди во прилог на децата, нивните родители и тренери, нема трошоци за користење на терените на федерацијата, ниту за обезбедување средства за судии.
СООПШТЕНИЕ НА ФФМ:
ФФМ ги известува сите учесници во Детската лига, клубовите, фудбалските школи, тренерите и особено родителите на децата кои се дел од најмасовното натпреварување во млади категории во Македонија дека немаат трошоци поврзани со користење на терените на кои се играат натпреварите од Детска лига, најчесто тренинг центарот "Петар Милошевски", или пак терените на кои се играат натпреварите во рамки на западниот или југозападниот регион, ниту пак се обврзани дополнително да плаќаат сума на пари за обезбедување на судии за натпреварите или надоместок за други трошоци поврзани со организација на натпреварувањето.
За целата натпреварувачка сезона од Детска лига (септември 2022. - мај 2023.), учесниците плаќаат симболична котизација (по категорија, независно од фудбалскиот регион), а тоа всушност го гарантира нивното учество во натпреварувањето за цела сезона и овозможува систем за натпреварување со претходно познат број на учесници.
Фудбалската федерација на Македонија ги покрива сите трошоци поврзани со користење на терените, трошоците за судиите, техничката организација на натпреварите и награди/признанија за најуспешните.
Федерацијата, исто така, обезбедува фудбалски топки за сите клубови / фудбалски школи кои се дел од системот за натпреварување во Детска лига.