Сурова исповед на гастербајтер од овие простори: Еве како навистина изгледа животот „преку граница“!

Фото насловна: Pixabay

- Секој месец испраќаме пари во Босна, бидејќи повеќе од половина од роднините се невработени, па дури и они малкумина кои работат или земаат пензија, како да не добиваат ништо.

Тие нè гледаат како некои волшебници и не смеам да им ја расипам таа слика - рече овој човек кој потекнува од Сараево, а кој работи и живее во Германија. Еден гастарбајтер, родум од Сараево, реши во својата исповед да открие како изгледа животот далеку од земјата во која сте родени.

Голем број на луѓе се на мислење дека е многу полесно во дијаспората и дека секој треба да им помогне на роднините во татковината, бидејќи тоа не претставува никаков трошок за нив. Сепак, не е сè како што изгледа.

- Купив половно БМВ и го чував во гаражата до минатото лето кога ја посетив својата татковина, бидејќи овде во Германија, на работа одам исклучиво со воз, а на пазар со велосипед. Купив нови тркала и навлаки за седишта, го „скоцкав“, па изгледа како нов -  ја започнува овој човек својата исповед.

- Жената и децата купија еден куп маици, здолништа, панталони и некои други ситници на распродажба, па, по предлог на ќерката, ги фрлија пластичните кеси, а купените работи убаво ги спакуваа во некои украсни кеси, па не може да видите колку плативме за сè.

Ги зедовме сите годишни заштеди, жената влезе малку и во минус на картичката, па пред две недели дојдовме овде во нашата татковина, да се одмориме, а потоа да се вратиме со празни џебови - продолжи тој. Човекот од Сараево реши да ги сподели неволјите со кои се соочуваат повеќето луѓе од дијаспората кога ќе отидат во својата татковина.

- Секој месец испраќаме пари во Босна, бидејќи повеќе од половина од роднините се невработени, па дури и оние малкумина кои работат или земаат пензија, како да не добиваат ништо. Тие нè гледаат како некои волшебници и не смеам да им ја расипам таа слика.

Јас се обидував да им кажам колку напорно работам, но моите се чини дека се глуви, тие никогаш не го слушаат тоа. Тие мислат дека печени кокошки паѓаат од небото кон мене во туѓа земја. Не му набивам никому на нос, но малку сум уморен од сè, од тоа да бидам банкомат од кој се вадат пари - рече овој гастербајтер.

Тој исто така изјави дека некои од неговите сонародници, кои исто така работат во странство, земаат дури и кредити пред да заминат во Босна за годишните празници, за да можат да бидат онакви какви што очекува „маалото“ и да можат да ги задоволат незаситните апетити на нивните непосредни и пошироки роднини.

- Тие нè сакаат само додека даваме пари, а инаку сме селани за нив. Тие ни се смеат зад грб. Никогаш не сум чул како, кога влегуваме во кафуле, велат: „Ууу, еве ја дијаспората, погледни ја нивната опрема!“, мислејки за тоа како се облекува.

Некогаш стануваат и заминуваат, а понекогаш и остануваат и гласно го коментираат нашиот акцент, кога ќе вметнеме странски збор - се жали Аднан М., по потекло од Зворник, кој по последната лоша епизода за време на „годишниот одмор во татковината“ реши да не оди во Босна барем некое време.