Свет во кој ретко имаме шанса да ѕирнеме: Традиционалното индиско борење
Ако станат шампиони на Кушти, тоа им носи голема слава. Сепак, се помалку млади Индијци решаваат да се занимаваат со овој антички спорт.
Корените на традиционалното индиско борење, Кушти или Пехлвани, датираат од античкиот петти милениум п.н.е. Оние кои ќе се решат да се занимаваат со овој спорт се обврзуваат на многу строг начин на живот: целибат, диета и дванаесет часа вежбање на ден.
За време на неговиот престој во Колахапур, Индија, австралискиот фотограф Мичел Канашкевич имаше можност да фотографира напорни тренинзи, но и натпревар во овој антички спорт - давајќи ни увид во светот што ретко можеме да го видиме.
Иако некои учесници имаат само шест години, обуките се интензивни, и нема отстапки во борбите, а токму тоа можеме да го видиме на една од фотографиите.