Светлото и мирисот се клучни за подобри сексуални перформанси: Трикови како да станете незаборавно искуство за вашата партнерка!

Интимноста во спалната соба не зависи само од техниката, туку и од амбиентот. Ново истражување покажува дека мажите постигнуваат значително подобри перформанси кога во собата ќе се пригуши главното светло и ќе се создаде магична атмосфера.

Моќта на пригушеното осветлување

Силното, бело светло често буди чувство на клиника и создава дистанца меѓу партнерите. 

Кога ќе се вклучи димер или ќе се премине на дискретни лампи со топли, жолтеникави тонови, напнатоста опаѓа, а самодовербата расте. Тогаш мажите полесно го „фаќаат ритамот“ и подобро се усогласуваат со потребите на партнерката.

Додадете миризливи свеќи

Во комбинација со блага светлина, нежните мириси на лаванда, ванила или сандалово дрво дополнително ги стимулираат сетилните центри во мозокот.

 Истражувањата покажале дека миризливите свеќи помагаат во опуштање, го намалуваат нивото на стрес и ја зголемуваат сексуалната желба, што резултира со поинтензивен и подолг однос.

Отстранете ги сите дистракции

Телефон, телевизор или компјутер не само што ја одземаат вниманието, туку емитуваат и светлина која ја нарушува атмосферата. 

Исклучете ги сите електронски уреди или тргнете ги од видокругот за да ви биде фокусот исклучиво на моментот.

Комбинацијата од пригушено осветлување, миризливи свеќи и целосно отсуство на надворешни пречки создава идеален амбиент за интимни мигови.

Извор / Freepik