Светот во шок ги гледа фотките од актерот кој беше олицетворение на убавина и машкост, а сега не личи на себе: Што се случи со некогашниот фраер?

Холивудскиот актер со ирско потекло Пирс Броснан остана запаметен по улогата на Џејмс Бонд во франшизата за познатиот таен агент 007. Сепак, новите фотографии покажуваат дека славниот актер е далеку од згодниот агент кога се појави на снимањето на новиот филм „Џинот“ во вторник.

Пирс Броснан (70) помина низ неверојатна трансформација за потребите на филмот, а овој пат на големото платно го игра боксерскиот тренер Брендан Ингл. Исчешлана сива коса и очила направија познатиот заводник да изгледа речиси непрепознатливо.

View this post on Instagram

A post shared by  (@mr_rsteele)

Светот, особено жените, беа во неверување кога го видоа и сите се прашуваа што се случило со него. Како е можно за толку кратко време да се влоши толку многу што повеќе не личи на себе. Сепак, на сите им олесна кога сфатија дека се работи за „финта“ од сетот на неговиот нов филм.

View this post on Instagram

A post shared by willi_knecht (@willi_knecht)

Филмот „Џинот“ ќе ја раскаже импресивната вистинска приказна за британско-јеменскиот боксер Хасем Хамед, неговите борби со работата во фабрика и неговата желба да стане славен и богат, борејќи се на улиците на Шефилд. Неговиот талент го откри Брендан (Пирс Броснан), кој и самиот бил работник во челичната индустрија пред да стане боксерски тренер.


Боксерскиот тренер Брендан Ингл почина на 77-годишна возраст во 2018 година. Ирецот ја постави познатата салата „Винкобанк“ во Шефилд, каде тренираше играчи како Насим, Џони Нелсон и Јуниор Витер за светските првенства.

Како боксер се натпреваруваше 34 пати со скор од 19-14, но подоцна се прослави како тренер и менаџер и беше познат по неговите познати рутини со нозете во салата во Шефилд.

ФОТО: Инстаграм