Светот во шок: Популарниот Кајне Вест планира да направи проба за неговиот погреб

Популарниот рапер Канје Вест, кој официјално го смени името во Џе, откри дека планира да направи проба од својот погреб, што навестува „смрт на Канје Вест“.

Во разговор со уметницата Тина Сигал, тој објасни како го гледа чинот.

- Смртта на егото што не разделува е раѓање на човештвото - вели раперот.

 - Дозволете ми да почнам со самоубиство. Колку помалку сме, толку повеќе простор за Бога – додаде тој.

Се‘ уште не е познато како би требало да изгледа пробата на овој погреб, но Канје откри дека оваа идеја му паднала на памет додека бил на пат за Берлин.

– Сакам да го продадам целиот свој имот, бидејќи капитализмот не убива – заклучи тој.

 - Но, не можам да дозволам некој да ме сака премногу, бидејќи ќе паднам во љубовна замка. И тогаш на сите им должам да бидам личноста во која се заљубиле. И јас никогаш нема да бидам таа личност. Секогаш морам да имам слобода да не бидам сакан, за да можам секогаш да бидам јас - рече Канје и остави многумина во шок.


Фото: Фото: Youtube-screenshoot-E! News