Светски познатиот онколог Питер Харпер: Пушењето не го победивме со „трикови“

„Ги искористивме сите трикови кои постојат за да ги убедиме луѓето да престанат да пушат. Спроведовме рестриктивна даночна политика, различни кампањи, клинички третмани и други мерки, но бројот на пушачи остана огромен, над милијарда. Реалноста е дека оваа бројка дава 80 милиони пациенти „само“ од рак на белите дробови, од кои 64 милиони ќе умрат. Секако дека најдобра опција е да се остави пушењето, но мораме да им помогнеме на луѓето кои не го сакаат тоа и затоа верувам дека решението лежи во примената на концептот за намалување на штетите, кое се базира на науката“, изјави д-р Питер Харпер, еден од водечките светски експерти од областа на онкологијата, на конференцијата „Отворена наука“.

Настанот, кој традиционално по седми пат го организира компанијата „Филип Морис“, ги собра научниците и лекарите од целиот свет и во прв план ги стави алтернативните производи без чад од тутун, кои се втемелени на научни достигнувања и потврдени со независни истражувања. Посебно е нагласено дека токму поради системот кој не го согорува, туку го загрева тутунот или течноста, овие иновативни решенија произведуваат значително помалку штетни материи и претставуваат подобар избор од цигарите.

„Потребно е да се информираат луѓето за можностите за замена на цигарите и зошто е тоа важно за нив. Само така можеме да создадеме услови концептот за намалување на штети целосно да се примени и на пушењето“, изјави д-р Жизел Бејкер, потпретседателката за соработка со научната заедница во компанијата „Филип Морис“, додавајќи дека „стравот од непознатото е разбирлив, но дека избегнувањето на социјалниот дијалог нема да доведе до решение“.

„Постојат независни студии за кои можеме да кажеме дека се добар индикатор, на пример во Кореја, кои опфатија 5 милиони пушачи и кои покажуваат намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести кај оние пушачи кои се откажале од пушењето и целосно се префрлиле на алтернативни производи кои го загреваат тутунот или течноста“, вели д-р Бејкер.

Иновациите и технологијата доведоа до развој на производи без чад кои имаат потенцијал да претставуваат помал ризик од користењето на цигари. Директорот за стратешки иницијативи во науката, Др. Маркус Нордлунд јасно укажа на разликата помеѓу класичните цигари и алтернативните производи без чад, преку презентација на научни и медицински податоци.

„Согорувањето на тутунот во цигарите произведува чад и пепел, додека кај алтернативните производи од новата генерација тоа го нема. Со загревање, а не согорување на тутунот, кај алтернативните производи се ослободува аеросол, а не чад од тутунот. Научно е докажано дека на овој начин се намалува изложеноста на штетни и потенцијално штетни материи“, истакна д-р Нордлунд.

Учесниците на панелот се согласија дека науката има главна улога во трансформацијата на традиционалното пушење во правец на помалку штетни алтернативи и да претставува темел за дискусии со законодавците, здравствените институции, цивилните организации, но и со потрошувачите. „Многу е важно научните податоци и анализи да бидат достапни за сите, од научната заедница, владите, потрошувачите, за да бидат соодветно информирани, да знаат сè за подобрите алтернативи во однос на класичните цигари, за на крајот да се донесат најдобрите можни одлуки и да се постигне свет без тутунски чад“, истакна д-р Бејкер.

ПР Објава