„Свири ми брате Ферусе (Цигане) е напишана на салфетка: Големиот хит на Росана и ненадминливиот Ферус Мустафов кој почина

Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена. Особено интересни се приказните кога хитовите првично им биле понудени на други изведувачи, но од различни причини не ги прифатиле.

Инаку, вчера почина славниот музичар Ферус Мустафов. Веста за неговата смрт со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Семејството, пријателите и колегите се простуваат од него. На почетокот на месецов внукот на Ферус за Женски магазин кажа дека состојбата на неговиот дедо е критична.

„Пред една недела доби мозочен удар, првите денови нормално функционираше, потоа го ставија на апарати“, кажа тогаш внукот на музичарот.

 „Свири ми брате цигане“ (Росана Сариќ Тодоровска) 


Откако нејзината сестра-близначка замина во Австралија, оваа тема ѝ беше отскочна штица на Росана Сариќ Тодоровска која во тој период сериозно размислувала дали да се повлече од сцената. Комплетен автор е Тоде Новачевски, поранешниот сопруг на Маријана, а ја напишал две недели пред да замине во Мелбурн. 

- Не случајно моите најуспешни песни се и најискрено искажување на моите лични чувства. Таква беше и „Свири ми брате Ферусе (Цигане)“ која ја напишав на салфетка во кафеаната „Теке“ на празникот Василица. Седев на маса заедно со сестрите, а пред нас свиреше Ферус–откри Новачевски во една прилика.