СЗО ПРИЗНА: Вирусот се пренесува преку воздух во ресторани и спортски сали, но потребни се уште истражувања
Според Светската здравствена организација потребни се уште истражувања за трансмисијата на корона вирусот преку воздух. Во најновите упатства за пренесување на вирусот, СЗО признава дека во затворен простор постои можност за пренесување на вирусот преку воздухот, како на пример, ресторани или спортски сали, но оттаму велат дека се потребни дополнителни истражувања.
Велат дека пренесувањето на коронавирусот преку воздух може да се случи и преку медицински постапки, во текот на кои се ослободуваат аеросоли.
Генералниот став на СЗО е дека Ковид-19 се шири со директен или индиректен контакт со заразени површини или во близок контакт со заразени лица кои го шират вирусот преку капки, односно кога заразено лице кашла, кива, зборува или пее.
Според наводите на Ројтерс, некои извештаи за пандемијата кои се однесуваат на затворени простории со многу луѓе, покажаавуаат дека постои можност за пренос на аеросоли, во комбинација со трансмисија на капки, во случаи како хорски проби, во ресторани или на часови по фитнес.