Таа била југословенската Мерелин Монро: Мажите за неа, паѓале на колена, а живеела во луксуз - Пред да почине посакала само едно
Марија Бакса е една од најубавите југословенски актерки. Многумина поради убавината и заводливоста ја споредија со славната Мерeлин Монро. Познато е дека мажи од цела Европа се обидоа да го освојат нејзиното срце, но безуспешно.
Своевремено во Белград дојде познатиот фотограф Анџело Фронтони, а во неа безнадежно беше вљубен и големиот продуцент со грчко потекло Овидиј Асонитис. Овој Грк неколку пати ја молел Бакса, кој упорно го одбивала. Сепак, една личност успеа да го освои срцето на убавата актерка, а тоа е бизнисменот Милојко Вељовиќ. Марија уживала во среќен брак со него, а од љубовта ја добиле и ќерката Тарита.
Луксузен живот во Италија
Таа позирала за италијанскиот магазин „Playmen“, како и за американското и италијанското издание на „Playboy“. Новинарите се обиделе да создадат некакво ривалство меѓу Марија Бакса и Беба Лончар, уште една актерка од тој период која остана запаметена како една од најубавите Југословенки од 1960-тите и 1970-тите. За нивна жал, не успеаја. Иако често беа споредувани, Беба и Марија тие биле два различни концепти.
Марија била олицетворение на фатална жена, додека Беба била поскромна. Неспорно е дека и двете актерки биле многу убави, што е единственото нешто што им било заедничко. Во 1970-тите, Марија Бакса се преселила во Италија. Таму имала луксузен стан и тргувала со антиквитети, додека актерството и била само љубов од нејзините млади денови. Нејзината желба да се врати во Белград и се исполнила, таа се врати и почина таму. Марија почина во 2019 година во стан на улицата Косовска.
Таа обила бројни додворувачи
Физичарот, д-р Богдан Маглиќ, признал дека бил во кратка врска со Марија. Имено, тоа било во многу тежок момент за него, кога неговата кариера тргнала надолу. Марија го поканила кај неа во Рим, а според д-р Маглиќ, тој краток период со Марија му помогнал да ја врати вербата во себе и да продолжи со истражувањето.
Најпознатите улоги
По филмот „Сите боксери одат во рајот“, следуваа улогите во продукциите „Киклоп“, „Млад и здрав како роза“ и „Давил против давител“. Но, оваа слава не остана само во границите на поранешна Југославија, туку се прошири и на европско, па и на светско ниво. Бакса глумела и во италијански и во американски филмови.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб/ Википедиа
Извор: Zena.blic.rs