Таа била келнерка, тој фраер од Холивуд: Љубовната приказна на Мет Дејмон е сè што треба за среќно семејство
Дека љубовта не бира место и време, се увери и холивудскиот актер Мет Дејмон. Неговата љубовна приказна е многу специфична и несекојдневна.
Мет Дејмон ужива во љубовта со Лучијана Баросо, а нивната приказна ќе ве воодушеви. Тие живеат мирно и повлечено, не ги сакаат рефлекторите, а денот на нивната венчавка помина незабележано.
Холивудскиот актер ја запознал својата сопруга сосема случајно и таа средба била судбинска.
Дејмон во 2003 година во Мајами го снимал филмот кој требало да биде на Хаваите меѓутоа одлуката била променета во последен момент.
„Требаше да снимаме на Хаваите, а потоа филмот беше преместен во Мајами. Тогаш, една вечер, среде снимањето, неколку момци од екипата кажаа: „Еј, ајде да одиме некаде на пиво“, на што јас им одговорив: „Не, не сум баш за тоа“, но некако ме одвлекоа со себе“ - кажа тој во една прилика и истакна дека можеби никогаш не би се сретнале доколку тој тогаш не излегол на пиво.
„Ја видов спроти мене во преполната просторија. Не знам како инаку би ни се вкрстиле патиштата доколку тоа не се случи“ - заклучи актерот.
Тоа било љубов на прв поглед, а Лучијана никогаш не давала интервју до 2018 година кога проговори за магазинот „Вог“.
„Работев како келнерка, а тој таму снимаше филм и екината една сабота вечер заврши во барот. Приказната на Мет е дека тој ме виде на другата страна од просторијата токму кога светлината светеше врз мене. А, јас на тоа кажав: „Нормално, тоа беше ноќен клуб, имаше светла насекаде!“ Луѓето тогаш почнаа да го препознаваат и да бараат автограми и да се фотографираат, а тогаш стана помалку агресивно, бидејќи луѓето пијат и слично, па дојде и се сокри зад мојот шанк“ - раскажа Лучијана.
Нивната средба била помалку и шеговите, бидејќи таа го избркала Дејмон и му посочила дека не може да стои таму и да не работи ништо, а бидејќи актерот знаел да работи како бармен (поради потребите за еден филм), почнал да прави пијалоци и да заработува голем бакшиш.
Потоа, ја повикал на пијалак, но Лучијана не сакала бидејќи морала да помине време со ќерка ѝ. На Дејмон многу му се допаднало тоа што има дете и што јасно ги поставила приоритетите.
Се венчале во 2005 година и потоа добиле три ќерки. Мет својата љубов ја покажал, така што ги има истетовирано имињата на сопругата и ќерките, а ова семејство има правило до кое строго се придржуваат: Никогаш не се разделени подолго од две недели.
фото: Принтскрин / Инстаграм