Таа е вистинска италијанска мафијашка принцеза: Нејзиниот татко диктира наредби од засолниште

Ќерката на италијанскиот мафијаш веќе 20 години го работи бизнисот на својот татко, додека тој издава наредби од затвор.

Наследството на семеен бизнис не е невообичаена појава, а мафијашките семејства не се ништо поразлични.

Животот на Мариса Мерико, ќерка на мафијашкиот шеф Емилиј Ди Џиовина, се чини дека бил одреден уште од моментот кога таа беше фотографирана на 11-годишна возраст како држи кукла во едната рака и пиштол во другата.

До 17-годишна возраст, таа официјално стана дел од семејниот бизнис кога го запозна нејзиниот прв сопруг Бруно Мерик, со кого се шеташе низ Европа во стилот на Бони и Клајд, пренесува Дејли Меил.

Кога нејзиниот татко заврши во затвор, Мариса ја презеде улогата на водачот на бандата "Milan Ndrangheta", додека нејзиниот татко издаваше наредби од ќелијата во текот на 1980-тите и 1990-тите.

Минатата година, на нејзиниот 50-ти роденден, таа се сретна со нејзиниот татко, кој веќе 27 години бил во засолниште, за прв пат по бегството од Италија. Мариса изјави дека е изненадена што успеа да го прослави својот 50-ти роденден, со оглед на претходниот животен стил.

Според „Дејли меил“, Мариса верувала дека многу обични животни ситуации се опасни за неа, како што е нејзината свадба, на која нејзиниот татко не присуствувал од безбедносни причини.

Мериса роди ќерка, Лара, која беше од бракот со Бруно, а второто дете го роди од Френк Берли, кого го убија додека беше бремена. Во тоа време, Берли штотуку го ослободиле од затвор, издржувајќи казна од 14 години за вооружен грабеж.

Мариса исто така беше во затвор за купување куќа вредна скоро два милиони фунти со „перење мафијашки пари“ . После три години затвор, таа одлучи да го промени својот животот. Запишала студии за криминологија, кои успешно ги завршила минатата година, и ја напиша книгата „Мафијашката принцеза“, за која исто така ќе се направи филм.