Тајната на неговата виталност е мувлосана храна: Па како?

фото:Youtube Printscreen/Glas Zapadne Srbije

Ова е тајната на неговата виталност?

Додека некои не можат да го замислат своето мени без месо, други исхраната ја засноваат на овошје и зеленчук.

Меѓутоа, кога станува збор за изборот на храна, Милутин од Осечина е светски феномен. Имено, овој човек не пробал свежа храна повеќе од триесет години, телото му бара бајат леб, расипано гравче или бајата супа, додека скапаното овошје му се главен десерт.

 Се што е бајато ми се допаѓа, не можам ни да објаснам, едноставно е така. Никогаш не сум се разболел и немам здравствени проблеми. Иако навлегов во осмата деценија од животот, без проблем одам на работа и на тој начин заработувам за живот. Никогаш не сум имал ни најмал проблем со стомакот, па претпоставувам дека телото ми е навикнато и создава антитела на бактерии и вируси поради таквата исхрана и поради тоа немам никакви проблеми и се чувствувам како мрзливец - изјави тој. 

фото: Youtube Printscreen/Glas Zapadne Srbije

Оние кои добро го познаваат, не паметат дека го виделе како јаде нешто свежо и тврдат дека тој е чудо на природата и општеството. Мислат дека можеби во тоа е тајната на неговата виткост.

- Да му зготват ручек сега и да му понудат топол и свеж оброк, тој би го земал, но не би го јадел веднаш, туку го остава да отстои неколку дена и дури тогаш би го консумирал. Не сака да јаде храна која се подготвува истиот ден, сака да стои. Често наоѓа шише млеко, старо кое некој го фрлил и стоел еден месец, кое на прв поглед изгледа очајно, тој пие без проблеми и има добра причина зошто така го консумира. Често го гледам како оди без чевли - рекол неговиот сосед Жарко.

извор:srbijadanas.com