Тајниот живот на Фидел Кастро: Додека луѓето страдаа од глад, тој уживаше во неверојатен луксуз со љубовниците

Имаше богатство и моќ, но немаше доверба во своите соседи. Со децении, тој ги криеше сопругата и синовите од светот и остатокот од семејството

Без разлика дали го сакате или го мразите, мора да признаете дека Фидел Кастро е еден од највлијателните светски лидери во минатиот век.

Кастро тврдеше дека троши само 25 долари месечно, живее во рибарска колиба, а единствениот луксуз што може да си го дозволи се кубанските цигари што многу ги сака, пишува Stil.kurir.rs 

Всушност, Кастро живеел во луксуз, додека неговите луѓе страдале од сиромаштија со децении додека тој владеел.

Според една книга, „Двојниот живот на Фидел Кастро“, напишана од поранешен телохранител, Кастро бил лицемер и измамник. Наместо да поседува мала рибарска колиба некаде на брегот, Кастро поседувал дваесет имоти низ Карибите.

 И тоа не е се‘, големиот водач чувал и дурги работи како тајна. Еден од неговите имоти го држел семејството на Кастро далеку од очите на јавноста. Неговата сопруга, која не беше позната до неодамна, Далиа и неговите пет синови чии имиња започнуваат со буквата А: Алексис, Алекс, Алехандро, Антонио и Анџелито. 

Братот на Кастро, Раул, дознал за неговите внуци само кога биле возрасни.

Згора на тоа, се дозна дека Кастро има уште три деца со љубовници, вклучувајќи ја и долгогодишната љубовница Хуанита.

Кастро беше познат женкар. Со години имаше многу жени покрај себе, вклучувајќи актерки, проститутки и танчерки.

На пример, Наталија Ревуелта, сопруга на познат кардиолог, роди ќерка, Алина, на Фидел. Алина подоцна избега од Куба за да започне нов живот во Америка. Избегала со лажен шпански пасош и перика. 

Кастро си го даде прекарот „Коњ“ (како асоцијација за надареност).

Како што беше објавено во книгата, Кастро се будел на пладне, а подоцна одел на риболов во нов моторен чамец. Тој поседувал приватен остров, Кајо Пиедра, каде ги забавувал своите гости кои сакале да се дружат со делфини и желки. Како стигнуваа до островот? Кастро поседуваше луксузна јахта долга 88 метри. 

Фидел Кастро исто така поседувал имот во Хвана со куглана, лична болница, вила со базен, лична фабрика за сладолед ...

Додека остатокот од населението страдаше од глад, Кастро уживаше во изобилството бидејќи храната му доаѓаше од пријателите преку океанот. За да има свежо млеко секој ден, Кастро набави крава за секое од своите деца и за себе.

Кога почина Фидел Кастро, се појавија многу тајни. Сепак, експертите тврдат дека ова е само почеток!


Фото: Profimedia