Татко на 3 деца прати емотивна порака и им даде лекција на сите мажи
Да се биде татко на три деца не е лесна работа.
Тед Гондер (29) е татко на три деца. На 24-годишна возраст, тој никогаш не сонувал да основа 5 члено семејство со сопругата Френсис, и научил многу во сето ова.
Со искрена објава откри што им порачува на помладите од себе. Тоа е навистина порака до сите татковци за тоа како да се однесувааторема партнерот од позитивниот тест за бременост, па дури и подоцна, кога ќе пристигне бебето.
„Жената носи бебе во стомакот цели девет месеци. Затоа вие носете ја на својот стомак девет месеци секогаш кога имате можност. Не само што ќе и помогнете да се опорави, туку и ќе се поврзете со вашето дете што дури и не можете да замислите“, напиша Тед.
„Жените дојат и тоа е прекрасно и ги исполнува, но и ги исцрпува. Затоа променете ја секоја пелена која можете. Брзо ќе заборавите дека тоа е одвратно и вашата жена нема да може да се жали дека сте отутни и не ја поддржувате “, додаде тој.
Потоа, тој рече да ја дочекате вашита партнерка со шолјабезкофеинско кафе наутро.
„Таа е будена цела ноќ и го храни своето бебе и тоа ќе ипомогне да го започне денот“, рече тој.
Покрај тоа, таа наведува дека е важно да се извести подобрата половина дека е убава затоа што жените се критични за своето тело по раѓањето и несигурноста.
„Потсетете ја дека е суперхерој! Буквално ги преместуваи добива плус килограми за да донесе на светот дете кое е вашиот подарок. Помогнете и да ги надмине своите проблеми и да се фокусира на позитивните цели “, вели Гондер.
Неговиот последен совет не е помалку важен од претходните четири.
„Хормоните лудуваат и пред и по породувањето. Понекогаш таа нема да биде своја на своето и ќе каже работи што таа воопшто не би ги изговорила доколку не се под влијание на хормоните. Запомнете дека сега мора да бидете карпа. Таа наскоро ќе биде онаа старата и сигурно сакате да ви биде благодарна што сте силни кога таа не е “, заклучи тој.
Неговата објава привлече голем број реакции, а на Тед му се заблагодарија од многу странци за емотивната порака што ја пренесе.