„ТАТКО“-НАЈСТРАШНАТА БОМБА КОЈА ЈА ВИДЕЛ СВЕТОТ: Најмоќното руско оружје, ги претвора телата во пареа
Спаѓа во едно од најмоќните ненуклеарни оружја за војна
Според западните разузнавачи, Владимир Путин би можел да прибегне кон едно од најстрашните оружја што светот некогаш ги видел.
Станува збор за термобарично оружје наречено „татко на сите бомби“, а неговата деструктивна моќ е застрашувачка - способно е да ги претвори телата во пареа!
Моќта на термобаричното оружје, кое воените аналитичари го нарекуваат „Татко“, лежи во тоа што тие ја користат атмосферата како дел од горивото за експлозијата, а се нарекуваат и вакуум бомби. Таквото оружје користи кислород од воздухот на целната област за да ја развие температурата за експлозијата и е меѓу најмоќните средства за војна кои не се базирани на нуклеарно оружје.
Слична бомба што САД ја фрлија врз талибанците во Авганистан пред пет години остави кратер широк 300 метри, иако експлодираше два метри над земјата, потсетува „Дејли мејл“. Термобарското оружје беше развиено и од Америка и од Советскиот Сојуз во 1960-тите.
Американската верзија чини 16 милиони долари по парче, има четири „перки“ на грбот за попрецизно движење, тежи речиси десет тони, радиусот на уништување е меѓу 150 и 300 метри, а неговата разорна моќ е еднаква на онаа што би предизвикала 11 тони ТНТ.
Но, руската верзија е уште пострашна.
Русите активираа термобарична бомба за време на стратешки вежби во Опук во 2016 година. Јачината на експлозијата е четири пати поголема од американската, односно како 44 тони ТНТ.
Русите кријат колку чини, но се знае дека температурата на експлозијата е двојно повисока од американската . Вкупниот радиус на експлозијата е 600 метри, а воените аналитичари велат дека таа би предизвикала масовно уништување „од невидени размери“.