Таткото на ќерката ѝ купил столица, ама немал поим за што се користела некогаш
Еден татко од Мексико и купил својата ќерка стол за да може полесно да учи, но тој немал идеја каква приказна стои зад тој подарок. Го пронашол столот во неговата омилена продавница за антички производи, а неговата ќерка долго се жалела на непријатноста при седењето на него.
Приказн на веб-страницата „ Imgur“ ја сподели друга ќерка, која откри дека нејзината сестра има подарок од таткото- необично столче кое го зафрлила во еден агол од собата.
"Денес дојде дечкото на сестра ми за дапомогне да се поместат некои работи. И кога го виде столот, тој почна со солзи да се смее. Се чини дека столчето што го купилтаткото, всушност било столче од 19 век што се користело за жените да се пораѓаат на него", напишала девојкатаи приложи фотографии од столот.
Подоцна ја ажурираше својата објава и сподели нови сознанија за столот.
"Истражував столици за породување и сфатив дека една фотографија од таков стол на Интернет ме потсетува на нешто. Отидов во мојата дневна соба и наидов на друго столче, но во африканската верзија. Друг таков постои во собата на татко ми", рече таа.
Таа објасни дека нејзиниот татко немал идеја што купува, а бројни коментатори почнале да се шегуваат за ситуацијата.
„Татко ти сакал да те извести на убав начин дека е време да пронајдеш маж и да имаш деца“, напиша еден.