ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Придружете се на велигденската забава за целото семејство во Скопје Сити Мол која започнува на 27 април и трае и трае…

Велигден е ден за семејството, а Скопје Сити Мол, во атмосферата на овие празнични денови подготвува забава и дружење за целото семејство. Создадете си незаборавни спомени, оживејте ја радоста и смеата со виор од активности и изненадувања.

Под мотото “Семејно радување, подарок патувањe” на 27 април од 13 до 15 часот, на II кат во детскиот дел, се организира голем семеен тимски предизвик. Неколку семејства ќе се натпреваруваат за главната награда – патување за целото семејство во Аурора Ресорт и Спа, и тоа во неколку круга со луди предизвици; лов на јајца, носење јајца во лажица и скокање во вреќи. Потребно ви е многу тимски и семеен дух, а за возврат добивате часови исполнети со смеа и лудории.

Принципот на пријавување е прв пријавен – прв услужен, а пријавувањето е преку кратката онлајн форма која можете да ја пронајдете со клик ТУКА.

Бидете брзи во пријавувањето, а останатите подгответе се за бодрење и навивање за вашиот омилен семеен тим.

Деновите пред Велигден се резервирани и за неколку работилници во кои ќе можете да ја поттикнете креативноста и усовршите рачната изработка. Првата работилница, на 27 април од 12 до 15 часот е наменета за најмалите. Дечињата ќе имаат можност да фарбаат јајца и да изработуваат и украсуваат хартиени кошници. Препуштете се на имагинацијата и создадете мало ремек дело.

За оние кои се љубители само на декорирањето и имаат посебен дар за украсување, на 28 април и 4 мај, во периодот од 12 до 15 часот, заедно ќе украсуваме велигденски кошници користејќи шарени и интересни материјали и реквизити. Овие работилници за украсување се наменети за родители, заедно со своите дечиња, па така на семејната дружба нема да и има крај.

Но, кој ден и да го посетите молот, ве чека ново изненадување! Затоа, на 30 април и 01 мај, посетителите ќе си добијат и велигденски пакетчиња со бои за јајца, како и чоколадни јајца. Направете си супер предвелигденски шопинг и подгответе се соодветно за празникот со весели бои и чоколада.

Не се двоумете, знаете каде ќе создадете трајни спомени и ќе доживеете нови искуства на забава овие празнични денови. Секој ден ве очекува нешто ново и незаборавно во Скопје Сити Мол.

ПР објава