Теа Таировиќ заработува илјадници евра неделно, а живее со својата мајка: Ова е куќата на пејачката во Нови Сад

Иако претходните години го доби епитетот „кралица на бакшишот“ и заработува стотици илјади евра, Теа остана да живее со мајка си во родниот Нови Сад, како што пишуваат медиумите.

Имено, момчето на Теа Таировиќ ѝприреди изненадување за нејзиниот роденден, а екипата на „Папарацо лов“ еднаш го истражуваше љубовниот живот на пејачката и во таа прилика го сними и нејзиниот семеен дом во родниот град.

Теа живее со нејзината мајка Божица во новосадска населба, изолирана од центарот на градот, каде што сите куќи се идентични. Иако заработува илјадници евра неделно, пејачката не живее раскошно.

Куќата е на три ката, а малиот двор е опкружен со вештачко зеленило, па Теа и нејзината мајка имаат свој мир.

Нивниот семеен дом не се разликува од ниедна куќа во соседството, а во дворот до главната куќа има ПВЦ контејнер во кој може и да се живее.

Кое е момчето на Теа Таировиќ?

Познатата пејачка наполни 28 години, а синоќа нејзиното момче, кое упорно се обидува да го сокрие од јавноста, ја изненади, пред насобраните гости и ѝподари подароци кои ја оставија без зборови.

- Момчето на Теа почна да работи кај неа минатата година како обезбедување. Не разделни се, одеа секаде заедно и малку по малку влегоа во врска. Таа веднаш му се допадна и искри летаа насекаде, па не помина долго од времето кога тој почна да работи за неа до почетокот на романса. Теа е многу среќна покрај него, но сепак не сака во јавноста да го претставува како фраер – раскажала соговорничка з Блиц, а потоа додала:

- На Теа многу и се допадна што се грижи за својот изглед и нон-стоп вежба во теретана. Воопшто не му пречи тоа да го крие од јавноста, бидејќи не му е грижа да биде така истакнат. Засега немаат никакви проблеми и одлично се разбираат.

Фото: Принтскрин
Извор: Blic.rs