Темната тајна на дивите милијардерски забави: Телефоните се забранети поради оргии, а тоа не е најлошото: „Ми понудија...“
На многумина им се познати контроверзните забави на технолошката елита кои се организираат во вили и палати на плажа низ Силиконската долина. На една од забавите бил и Илон Маск, кој подоцна изјавил дека се работи за „досаден и корпоративен настан, без секс и голотија“.
Како што напиша Том Леонард за Дејли Меил, Маск можеби поминувал време во кујната затоа што една млада жена, која работела во технолошката индустрија и присуствувала на истата забава како него, рекла дека налетала на двата пара во клинч на подот во собата, кои биле покриени со бело вештачко крзно и перничиња. Неколку луѓе веќе почнале да се мазат, рече таа, кога и понудиле ќесичка екстази во прав.
„Тие рекоа дека поради тоа се чувствувам поопуштено и дека би им се допаднало доколку ја допираат“, се сеќава таа, додавајќи дека после тоа еден технолошки претприемач побарал да ја бакне.
„Беше толку чудно кога неговата сопруга стоеше до него и ме охрабруваше. Кога побегнав, тој продолжи да ме брка на забавата. Ваквите настани беа "злоупотреба на моќта", изјави неименуваната жена на писателката Емили Чанг, чија шокантна книга „Бротопија“ од 2018 година ја откри „мистериозната, темна, полна со оргии страна на Силиконската долина“.
Друг гостин на истата забава, Пол Бигар, подоцна изјави дека секс забавата била „многу полоша отколку што звучи“.
„Бевме предупредени пред да дојдеме на забавата да не се плашиме поради работите што ќе ги видиме таму. Фотографирањето не беше дозволено и секако не смеевме никому да кажеме што видовме“, се сеќава Бигар.
Кога Илон Маск беше прашан за инцидентот, тој рече дека ништо не се случило.
„Ако постојат „секс-забави“ во Силиконската долина, не сум ги видел ниту сум слушнал за нив. Ако сакате дива забава, погрешно место сте“, изјавил Маск з амагазинот Wired.
Не им верува ниту на изјавите на жената која била сведок на милување и галење по каучот под дејство на дрога.
„Гиковите“ на каучот не се материјал за галење“, рече тој.
„Многу личности од А-листата во Силиконската долина имаат една заедничка работа - тие биле осамени во адолесценцијата и лишени од контакт со спротивниот пол“, напишала Чанг во својата книга.
Жените во ИТ индустријата кои зборувале за своите искуства не можат да го сокријат своето негодување кон овие мажи, кои се убедени дека нивното огромно богатство сега ги прави неодоливи за жените кои не ги ни погледнале со години.
Неименуван директор на Силиконската долина му рекол на Чанг дека неговите врсници сега се толку богати, а нивните производи се толку познати што „момците кои не можеле да имаат девојка во средно училиште“ сега можат да ги третираат жените како што сакаат и не сакаат да практикуваат моногамија.
Интересно е тоа што некои од мажите кои се впуштаат во светот на оргијата и дрогата на Силиконската долина тврдат дека тие се всушност жртви на жени кои ги сакаат нивните пари. Нивните критичари возвраќаат дека ова е само изговор за нивното предаторско однесување.
Извор: Кurir.rs