Аудио опремата на „Теохаров“ е македонска гордост: А, најновите звучници, со потпис на легендата Влатко Стефановски и брендот

По многу нешта имаме со што да се гордееме кога е во прашање нашата земја. Тука секако свое значајно место заземаат и звучниците „Теохаров„, бренд кој во секое парче што го произведува, користи делови од највисок степен и природни материјали, рачно изработени во прекрасни аудио компоненти од висока класа. Оцените за овој бепрекорен квалитет ги потврдија и глобално реномирани познавачи на звукот, кои го ставија на светската мапа.

„Теохаров“ повеќе од 25 години е посветен на развој на концепт кој е уникатен, всушност страст инспирирана од музика и едноставна желба за совршена репродукција на звук. Секој производ е индивидуална, рачно изработена креација, демонстрирајќи ја основната на брендот.

Токму сето ова, нивните производи, имавме можност да ги видиме на промоција во хотелот DoubleTree by Hilton Скопје, која ја посетија многу еминентни имиња од светот на музиката, политиката, филмската сцена, такви кои веќе во својот дом имаат звучници со потпис на овој бренд или кои сакаат да дознаат нешто повеќе за овие ремек- дела.

Презентација ја отвори актерот Срѓан Јанакиевиќ кој рече: 

- Потпирајќи се на релевантни научни факти и со јасна определба за неприкосновен квалитет,  употребена е најнапредна технологија и внимателно одбрани компоненти, обединети во производи со имресивни карактеристики и изглед на уметничко дело со долготрајна вредност. ...патем, сите производи на Теохаров имаат неограничена корисничка поддршка.

Гостин на промоцијата беше и македонската музичка легенда Влатко Стефановски кој ексклузивно најави дека заеднички ќе се дизајнира звучник кој ќе биде симбиоза на Стефановски и Теохаров. Производ кој ќе ги носи основните карактеристики на Теохаров, а кој е визуелно и концепциски дизјаниран по идеја на Влатко и кој ќе има “боја” на звукот по преференциите на Стефановски.

Пред пригодниот коктел, присутните имаа можност да ја слушнат музиката на Стефановски преку аудио опремата на „Теохаров“ и да се опуштат во кристалниот звук...