Терацино: Очекувам пласман во следната рунда, но и тежок натпревар
Академија Пандев утре го пречекува тимот на Лехиа, реванш во Конференциската лига, тимот од Полска има предност од 1-4 по првиот натпревар во Гдањск.
Напаѓачот Марко Терацино се става во служба на тимот, иако сака да постигнува голови, вели нема лесни натпревари.
„Се сложувам со тренерот, имаме добра стартна позиција, имаме добар резултат, и сакаме да одиме во следната рунда, првиот натпревар беше добар за нас, и мислам дека ќе успееме. Најважно за мене е да постигнувам голови, јас сум играч од нападот, но тука сум да одиграм тимски, во добра форма сме , подобра од лани, и сакаме чекор по чекор да одиме напред, ова е важен натпревар за нас. Времето е топло, но тоа мене ми одговара, сакам топло време“ - рече Марко Терацино.
Дуелот меѓу Академија Пандев и Лехиа се игра утре со почеток од 17 часот.