Терор во домот на Рахим Стерлинг, позната причината поради која го напушти мундијалот во Катар

Англиската фудбалска федерација ги потврди информациите за причината поради која Рахим Стерлинг мораше да се врати дома, репрезентативецот на Англија не настапи на мечот со Сенегал.

 Рахим Стерлинг  се вратил дома на негово барање откако вооружена група на крадци провалиле во неговиот дом во Лондон.

Според англиските медиуми штетата изнесува над 300.000 фунти, крадците го украле најскапоцениот часовник на Стерлинг. 

„Фудбалот понекогаш не е најважната работа, семејството треба да е на првото место“, изјави Саутгејт.

Инцидентот се случил во саботата вечер, кога трите деца на Стерлинг биле дома.