ТЕСТИСКУЗИ- Џакузи за тестиси
Уште еден смешен и бизарен концепт доаѓа на пазарот ...
“Тестискузи“ реши да им даде на мажите минијатурно џакузи која е наменето само за нивниот „накит“. Овој минијатурен џакузи е специјално дизајниран да ги опушти тестисите и да ви даде чувство на леснотија и удобност, особено ако поминувате многу време во тесни фармерки и панталони.
Иако многумина сметаа дека овој производ е само добра шега, “тестискузи“ се на продажба и можете да го нарачате од официјалната страница на “Тестискузи“.
Во моментов се продаваат три модели. Белите и црните верзии чинат 40 долари, а побогатите имаат можност да нарачаат со 24 каратна позлата. Златните „тестиси“ ќе чинат неверојатни 10 000 долари, што ќе биде вистински луксузен подарок за секој со голема банкарска сметка.