ТФТ со тесна победа против Чаир 2030
Во првиот натпревар од второто коло, голема борба, доста неизвесност, промени на водството на двете страни ТФТ го победи Чаир 2030 со 87:83.
Решението за конечниот победник дојде во последните 120 секунди. Пресуди искуството на ТФТ, за прва нивна победа и прв пораз на новакот во прволигашката конкуренција.
Израмнето беше првото полувреме од првиот меч од 2. коло во кој се сретнаа двете екипи од Скопје. „Рамнотежата“, онаа резултатската, беше нарушена само во уводнните минути од средбата во СРЦ „Кале“.
Оние во кои ТФТ направи почетна предност од (11:4) и (13:6).
Но релативнно лесно новакот во прволигашката конкуренција стигна до егал скор (13:13). И практично од таа осма минута од играта, натпреварот се „трансформираше“ во израмнет. Со забелешка дека сепак ТФТ ја имаше предност, но не поголема од четири поени.
Така беше и на полувремето, „госите“ водеа со (44:40). Во најголема мерка по заслуга на Николов, кој реализираше 12. поени, Андерсон имаше еден помалку, а Батрик дополни со девет.
По четири минути игра во продолжението, со поените на Андерсон, ТФТ го изедначи највисокото водство (55:48).Иако не погодија ниту една тројка од десет обиди, нецели три минути подоцна, чаирчани стигнаа до нов нерешен резултат, (55:55).
Нерешено, (66:66) беше и по три минути игра во последниот период. А Ташовски и Стојановски беа стрелците кои му донесоа пет поени позитива на гостинскиот тим (75:70). И долго време „на сила“ беше тој резултат. Пред Стојановски уште еднаш, и Батрик, да ја потврдат првата победа на бранителот на Куп-пехарот во новата сезона На нешто повеќе од две минути, „црно-белите“ имаа највисоки, (80:70).
Но екипата од Чаир немаше намера да се откаже од борбата за нов успех. Намалија домашните кошаркари на (78:82) и имаа минута и пол да ја достигнат онаа навидум недостижна двоциуфрена негатива.
Но Костоски ги запре, во свој стил, со „далечна тројка“, за (85:78), а нецела минута подоцна, погоди и едно слободно фрлање за (86:80).
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО
Чаир 2030 – ТФТ 83:87
14.ОКТОМВРИ (ПЕТОК)
18.30: Пелистер – Работнички
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
https://youtu.be/N_VwqUYLkdo
15.ОКТОМВРИ (САБОТА)
17.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
https://youtu.be/TMVq6isHkWE
18.00: Кожув – Струмица 2022
Сала „26.април“ – Гевгелија
https://youtu.be/cqiMPufoPNE
18.00: Еуро Никел 2005 – Куманово 2009
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
https://youtu.be/-NVR8q0r6Yw
18. ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)
19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар
СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/tj_yqdcwCP0
На другата страна од теренот, Александровски беше првиот кој ја надмина двоцифрената поентерска бариера - постигна 11.поени, додека Мохамед имаше два помалку во екипата која загуби дури 14.топки за 20.минути.