„Ти си мојот ангел“: Пронашла изгубен паричник ПОЛН со пари, го вратила на сопственикот, па добила НЕВЕРОЈАТНА НАГРАДА

Додека купувала весници, почувствувала дека згазнала на нешто.

Гестот на Мирјана Вуковиќ, која пронашла паричник и успеала да му го врати на сопственикот, предизвика восхит и гордост кај нејзините сограѓани. Во паричникот имало повеќе од 1.000 евра во готовина и лични документи.

Самохрана мајка на средношколец, грижлива ќерка на постари родители и омилена меѓу познаниците, Мирјана дошла до киоскот во центарот на Жабљак за да купи весници.

„Додека купував весници, почувствував дека згазнав на нешто. Го видов паричникот, го подигнав и го отворив. Внатре имаше повеќе од 1.000 евра и разни документи. Потоа следеше потрага по сопственикот, што не беше лесно во преполниот Жабљак. Потраја, но преку стандардизираните броеви на мобилните оператори успеав да дојдам до неговиот број“, изјави Мирјана за „Антена М“.

„Ти си мојот ангел“

Како што вели, кога го прашала дали изгубил нешто, младиот човек ѝ одговорил: „Не знам која си, но, ти си мојот ангел.“ Се сретнале на договорено место, Мирјана му го предала паричникот и накратко поразговарале.

„Судбина или кој знае што, ми рече дека дошол да бара работа и дека веќе разговарал со моите браќа, сопственици на ресторан, и дека таму ќе почне да работи за време на сезоната“, додаде Мирјана.

Ја одбила паричната награда

Младиот човек, кој според неа е „убав и воспитан“, ѝ понудил парична награда, но таа ја одбила.

„Неговата насмевка и спонтананата прегратка ми се најголема награда“, заклучи Мирјана.