Тијана Дапчевиќ објави прастари фотки од младоста: Кој знае можеби пак ќе бидам манекенка

Пејачката Тијана Дапчевиќ објави неколку ретро фотки на Инстаграм со кои се потсети на младоста.

Тијана ги израдува обожавателите со прастара фотки уште од времето кога имала 18 години и била манекенка.

„Она кога го средуваш плакарот па најдеш прастари фотки, па те удри флешбек (се смее) јаоооо ...на првата слика имам едвај 18 години тогаш бев манекенка, како и на другата (од истата ревија), третата е од познатиот Макфест фестивал во 99' година (тогаш веќе бев голема и пеев - хаха) на третата веќе сум заљубена во Милан и го гледам како теле во шарена врата (како и денес) хахах а на последната слика веќе сум во Белград (00') ѝ и го земам микрофонот на Леонтина...ништо не се променило, како да не поминале толку години ... јас сум и понатаму млада и спремна за нови предизвици...кој знае , можеби утре пак ќе бидам манекенка, напиша Тијана под фотографиите.

View this post on Instagram

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic)



Мора да признаеме дека Тијана била згодна женска, како што е и денес.