Тимур Дибиров: Да заборавиме што било и да мислиме само на овој викенд
За Тимур Дибиров овој Ф4 турнир во Купот на Македонија ќе биде можност да игра по осмипат во финалето, и да се бори за седмата титула. Противник на Вардар во полуфиналето на Купот ќе биде тимот на Еурофарм Пелистер 2. Мечот се игра утре, петок, во 17 часот во Кавадарци.
Победникот од овој дуел ќе игра против подобриот од средбата меѓу Бутел и Еурофарм Пелистер, што се игра утре од 20 часот.
„Нормално дека купот секогаш е посебна приказна, и на секој меч може да се случи се. Да заборавиме се што било претходно и што треба да се случи во иднина. Да бидеме сконцентрирани само на овој викенд, да дадеме 100 отсто. Нема разлика против кого играме и ќе играме, ние треба да работиме според она што сме го замислиле. Малку време е нешто да се менува, и ние и нашиот ривал. Ќе биде исто, освен некои нијанси што сигурно ќе бидат кај давата тима. Но комплетната слика ќе биде иста, и тешко е да се изнанади некој“ - рече Дибиров.