ТИНЕЈЏЕРСКО НАСИЛСТВО СО НОЖ ПРЕТОЧЕНО ВО СМРТ: Родители, реагирајте додека не е касно
Насилството е појава која се вовлекла во сите пори на современото општество, а еден од облиците на насилство за кое се повеќе се говори и она меѓу младите кое се повеќе е присутно на скопските улици.
Една од горките теми која завчера во црно зави уште едно семејство. Убиено момче а причината наводно е меѓуетничка нетрпеливост. Од расправија, до физичка пресметка и неколку кобни удари со нож во гради. Болно до немај каде ...
Но каде лежи проблемот? Што не е во ред со младите во земјава? Вложуваат ли доволно родителите, образованието, општеството во воспитувањето на младината? Од каде потекнува толку големата нетрпеливост и агресија? На оваа тема разговараме со педагогот Ружица Митровиќ...
Насилството зема замав - Социјалните мрежи се поголеми воспитувачи
Најчеста причина за агресија кај младите денес ќе ги наведам социјалните мрежи кои последните години зедоа голем замав и во голема рака влијаат на однесувањето на децата, дури слободно ќе кажам дека ја превземаат воспитната улога во градењето на личноста кај децата покрај која онаа родителската и улогата на училиштето ја губат вредноста. Потоа следуваат сите фактори кои влијаат се разбира врз развојот кај децата како што се семејството, средината, училиштето и тн.Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк.