Типуваме: Кој ќе добие Оскар?
Со години, пред доделувањето на најпрестижната филмска
награда „Оскар„ постојат калкулации во чии раце ќе заминат златните статуетики.
Постојат и обложувања во обложувалниците, дебати на телевизија, предвидувања на
познати филмски критичари, форуми на обожаватели...
92-то доделување на гламурозниот фестивал ќе се одржи на 9 февруари 2020 година, што е невообичаено рано и претставува најраниот датум во долгата историја на церемонијата.
Оваа година многу силни актерски имиња се најдоа помеѓу номинираните. Кој од кој врвен во својата работа.
Во конкуренција на многу силни остварувања во повеќе категории, да им посакаме среќа на тимот од нашиот документарен филм „Медена земја“ кој испиша историја на Оскарите со тоа што е номиниран во две категории, онаа за најдобар документарен филм и најдобар странски филм. Филмаџиите ширум планетата веќе го окарактеризираа ова остварување како ремек дело, а за тоа впрочем зборуваат и неколку врвни награди на престижни светски филмски фестивали. Прогнозите се различни, но и да не добие Оскар, филмот веќе си го најде своето место на самиот врв, а фактот што е номиниран на најголемиот филмски фестивал зборува и повеќе од доволно.
Ама, убаво ќе биде да ни речат „Оскарот оди кај „Медена земја“...
Составивме кратка листа на номинирани во различни категории, оние кои се сметаат за „главни“ на Оскарите.
Што мислите вие? Кој ќе добие Оскар?
Категорија
„Најдобар документарен филм“:„Американска
фабрика“ (American factory) во режија на Џулија Раичерт и Стивен Богнар
„The Cave“ (Пештерата) во режија на Ферас Фајарт
„На работ на демократијата“ (The edge of democracy) во режија на Петра Коста
„За Сама“ (For Sama) во режија на Вад Ал – Катиб, Едвард Ватс
„Медена земја“ (Honeyland) во режија на Тамара Котеска и Љубо Стефанов
Категорија
„Најдобар странски филм“:„Корпус Кристи“
(Corpus Christi) во режија на Јан Комаса
„Медена земја“ (Honeyland) во режија на Тамара Котеска и Љубо Стефанов
„Клетници“ (Les Miserables) во режија на Лаџ Лу
„Болка и слава“ (Pain and Glory) во режија на Педро Алмодовар
„Паразит“ (Parasite) во режија на Бонг Џун Хо
Категорија
„Најдобар филм“:„Форд V
Ферари“- (Ford V Ferari)
„Ирецот“ – (The Irishman)
„Зајакот Џоџо“ – (Jojo Rabbit)
„Џокер“ – (Joker)
„Малите жени“- (Little Women)
„Брачна приказна“ – (Marriage Story)
„1917“ (1917)
„Си беше еднаш во Холивуд“ – (Once upon a time in Hollywood)
„Паразит“ – (Parasite)
Категорија
„Најдобра женска главна улога“:Синтија Ериво за
улогата во „Хариет“ (Harriet)
Скарлет Јохансон за улогата во „Брачна приказна“ (Marriage Story)
Саорис Ронан за улогата во „Малите жени“ (Little Women)
Шарлиз Терон за улогата во „Бомба“ (Bombshell)
Рене Зелвегер за улогата во „Џуди“ (Judy)
Категорија
„Најдобра машка главна улога“:Антонио Бандерас за
улогата во „Болка и слава“ (Pain and Glory)
Леонардо Ди Каприо за улогата во „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once upon a time
in Hollywood)
Адам Драјвер за улогата во „Брачна приказна“ (Marriage Story)
Хоакин Феникс за улогата во „Џокер“ (Joker)
Џонатан Прајс за улогата во „Двајцата папи“ (The two popes)
Категорија
„Најдобра машка споредна улога“:Том Хенкс за улогата
во „Убав ден во соседството“ (A beautiful day in the Neighborhood)
Антони Хопкинс за улогата во „Двајцата папи“ (The two popes)
Ал Пачино за улогата во „Ирецот“ (The Irishman)
Џо Пеши за улогата во „Ирецот“ (The Irishman)
Бред Пит за улогата во „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once upon a time in
Hollywood)
Категорија
„Најдобра женска споредна улога“:Кети Бејтс за
улогата во „Ричард Џувел“ (Richard Jewell)
Лаура Дерн за улогата во „Брачна приказна“ (Marriage Story)
Скарлет Јохансон за улогата во „Зајакот Џоџо“ – (Jojo Rabbit)
Флоренс Пуг за улогата во „Малите жени“ (Little Women)
Маргот Роби за улогата во „Бомба“ (Bombshell)
Тод Филипс за „Џокер“ (Joker)
Сем Мендес за „1917“
Квентин Тарантино за „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once upon a time in Hollywood)
Бонг Џун Хо за „Паразит“ (Parasite)