Титанот манекен: Погледнете му го стилот
Во 2013 година беше најплатениот машки манекен на светот со заработка од 1,5 милиони долари. Шон О’При денес заработува дупло повеќе. Човекот со изразено сини очи и атлетско тело што можеше да го видите во рекламните кампањи на H&M и Зара, е исто така заштитниот знак на Картие, Кензо, Армани, Жил Сандер, Масимо Дути, Виктор и Ралф, а се појави и во видеото на Мадона за песната Girl Gone Wild...
Експертите за убавина констатираа дека токму тој според сите стандарди, го поседува наубавото од она што може еден маж да поседува кога е во прашање физичкиот изглед. Го нарекоа „замрзнатиот титан„ бидејќи има студен поглед и силен тонус.
Шон приватно е многу модерен. Секојдневно е во различна облека, па каде и да се појави остава впечаток. На социјалните мрежи има армада од следбеници. Не се нарекува себе си трендсетер бидејќи смета дека други тоа многу поуспешно го прават од него, ама модните критичари не мислат така.
Во една прилика, го окарактеризираа како сининим за модерно машко облекување без премногу китење.
Во многуте нови фотографии, овој манекен обично презентира облека која е нослива и која може да се комбинира секако за различни пригоди. Еве ви инспирација: