Тито беше тргнат од улица, ама открија дека не е обична мачка
Аргентинската тинејџерка Флоренсија Лобо била шокирана кога дознала дека нејзиното милениче, мачката што ја посвоила, не е баш мачка. Барем не домашна.
Девојчето, според „Дејли меил“, изјавило дека таа и нејзиниот брат пронашле две мачиња на улица кои решиле да ги посвојат и им ги дала имињата Тито и Дани. Едното од нив наскоро починало, но другото го чуваа како милениче.
Флоренс откри за локалните медиуми дека Тито е малку пожива мачка отколку што очекувала,пренесува Индекс.
"Тој сака да игра, грицка и е прилично брз. Тој сака да се качи на масата и да скокне од неа ама многу подалеку, но јас мислев дека е нормално", рече Флоренсија.
Таа ја дозна вистината кога Тито се повреди за време на играта и кога го одведоа на ветеринар, кој потврди дека станува збор за дива мачка односно јагуар.
На крајот, таа го предала на организација за спасување на животни, во која тој ќе остане додека не ја зацели ногата и потоа ќе биде пуштен во дивината.
"Тој ме следеше каде и да одев. Никогаш не пропушти ништо додека беше со мене. Тој беше моето милениче и ми е многу тешко да се разделам со него, но знам дека ќе биде подобар кога ќе се врати во природа„- со солзи во очите рече Флоренсија за своето неверојатно милениче.