Тивка, а дива: Гордана Јанкулоска каква што не ја знаете
Страствена кога е во прашање адреналин. Не крие дека обожава поинаков начин на живот
Иако поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска беше осудена на четири
години казна затвор за случајот „Тенк“ на СЈО, одењето в затвор е одложувано
поради одгледување на дете. Сега многу порелаксирана во однос на
работата, таа целосно се посвети на семејството, но она што е интересно и многу
малку знаат, Јанкулоска е вистински авантурист. Ретко ќе видиме наша
политичарка како се занимава со екстремни и алтернативни спортови. А, екс
министерката тоа го прави профи.
Од поодамна се занимава со искачување на планини и тоа оние со највисоките врвови. Често скија, тоа и е омилен спорт.
Се искачува и со јаже по стрмни места. Некогаш користи
и јаже или сајла за премин помеѓу езеро или река.
Кајакари, нејзината најголема страст и тоа на брзи води. Некогаш сама, некогаш со сопругот, а најчесто во група. Ја сака водата и брзите свиоци, таму кај што се создава вистински адреналин.
Вози велосипед. Неретко ќе ја видиме низ град со својот “точак“.
Понекогаш сака да вози и мотоцикл.
Има и миленик. Син папагал кој е дел од семејството и е популарен на социјалните мрежи.
Како „спорт“ се смета и чувањето на синот Петар.
Небојша Толески