Тој беше единствениот кој ја преживеа страшната несреќа во која загина светската миленичка: Последиците се сè уште видливи на неговото лице и 25 години подоцна

Фото: Profimedia

Телохранителот на принцезата Дијана, Тревор Рис-Џонс е снимен во јавноста по пет години, а познато е и што прави денес

Поранешниот телохранител на покојната принцеза Дијана, Тревор Рис-Џонс, е фотографиран по долго време во јавноста и откако изгради успешен нов живот како единствениот преживеан од несреќата во која загина принцезата, нејзината љубовник Доди Ал-Фајед и возачот Хенри Пол.

Денеска 54-годишниот Тревор работи како осигурителен менаџер на „AstraZeneca“, а првпат беше забележан во јавноста по пет години, додека е на семеен шопинг. Тој живее со сопругата Ен и нивните две деца во дом од 500.000 фунти во Освестри, Шропшир.

Неговите најнови фотографии погледнете ги ТУКА.

На неговото лице сè уште се видливи лузни, кои потсетуваат на сообраќајната несреќа од 31-ви август 1997-ма година. Тревор тогаш се здоби со тешки повреди на главата и градниот кош, помина десет дена во кома, а хирурзите му го реконструираа лицето користејќи 150 делови од титаниум направени врз основа на негова фотографија.

По несреќата, двапати му беше дијагностицирана длабока амнезија и можеше да комуницира само со шепотење и пишување. Така, за сите беше изненадување што шест месеци по несреќата се врати да работи кај таткото на Доди, Мохамед Ал-Фајед, но на крајот реши да се откаже бидејќи сакаше да продолжи со својот живот.

Тој се врати во родниот Шропшир и работеше извесно време во локална продавница за спортска опрема, а по краток престој во обезбедувањето на Обединетите нации, своето богатство го стекна работејќи за гигантот за нафтени услуги „Халибартон“, што вклучувало служење како шеф за безбедност на компанијата во Тексас, за време на војната во Ирак.

Тревор се врати во Шропшир од Ирак пред пет години, а потоа почна да работи како шеф на осигурување за „AstraZeneca“, компанијата најпозната по производство на вакцина против коронавирус.

„Неговиот живот сега е мирен и без настани. Тој сигурно не сака публицитет или многу да се зборува за него. Се обиде да продолжи понатаму и да продолжи со својот живот", рекол извор близок за „The Sun“.

Во кобната несреќа Тревор беше сопатник на предното седиште во мерцедесот. Тој тогаш имаше 29 години, ги скрши сите коски на лицето и се здоби со тешки повреди на градниот кош. Иако лицето му беше целосно згмечено, животот му го спаси воздушното перниче. Помина еден месец во болница и на почетокот не можеше да зборува, но за една година почна повторно да игра рагби, баш како што му ветил францускиот хирург кој го оперирал и на што се присетува во биографијата.

По несреќата тој изјави дека практично не се сеќава што се случило и дека последното нешто на што се сеќава е влегувањето во мерцедесот. Тој, исто така, се присетил дека принцезата го кажала името на Доди, дека по нив вози бело фиат уно и дека возачот на нивниот автомобил, Хенри Пол, не бил видно пијан.


„Сакав да знам што се случи. Јас сум единствениот човек кој може да им ја каже вистината на луѓето и не можам да се сетам“, рече тој во интервју непосредно пред да биде објавена неговата книга „Приказната на телохранителот“ во 2000-тата година, коментирајќи теории на заговор дека го прикривал планот на британските безбедносни служби да ја убијат Дијана.

Во интервју за „Irish Times“ во 2000-та година, Тревор призна дека немал никакви чувства кон принцезата Дијана, освен што ја опишува како жена што можел да ја однесе во паб и додаде дека тоа е прилично висок комплимент што доаѓа од него. Тој никогаш не се чувствувал виновен за нејзината смрт, иако рече дека сè уште чувствува одговорност што тоа се случило во негова смена.

„Сметам дека тоа е несреќа што може да се избегне. И дека Хенри Пол направи грешка што седна зад воланот на автомобилот кога знаеше дека пиел и не ни кажа ниту нам ниту на Доди дека не е способен за возење. Беше грешка. Тоа беше едноставна сообраќајна несреќа во пијана состојба предизвикана од брзина. Тоа е сè“, изјави тој.

На 2-ри август 1995-та година, Тревор се ожени со својата прва сопруга Сју Џонс, која ја познавал уште од училиште, но две години подоцна поднесе барање за развод. Тој повторно се ожени на 15-ти февруари 2003-та година за Ен Скот, исто така учителка, со која сега е во среќен брак.


Извор: dnevnik.hr