Тој беше единствениот маж по Аркан со кого се појави во јавност, сега повторно си најде младо пиле: Цеца има вкус за мажи

Изгледаа како холивудска двојка!

Емотивниот живот на Цеца Ражнатовиќ отсекогаш ја интересирал јавноста, а ова беше единствениот човек што пејачката и го претстави на јавноста по смртта на Аркан...но...

Тој е поранешен модел, Владимир Цветковиќ Цвеле!

Тие беа во врска 6 месеци, а како што признаа и двајцата, било бурно, но успеале да ги решат недоразбирањата и да ги надминат разликите.

Цеца и Цвеле излегуваа заедно, се појавија на разни настани, патуваа, престојуваа во нејзината куќа на Кипар ... Сепак, поради непомирливите разлики, врската заврши само по половина година.

"Раскинавме поради непомирливи разлики во карактерите, но со договор и без грди зборови. Ни се случи тоа што им се случи на други двојки, така што нема ништо сензационалистичко во раскинувањето. Ќе останеме пријатели и ќе чувам само убави спомени од времето поминато со Владимир “, рече Цеца по раскинувањето.

Набргу по раскинувањето, Владимир откри што најмногу му пречи кај Цеца.

"Цеца не сакаше многу да се движи, па поголемиот дел од времето го поминуваше дома. Таа по природа не е авантурист. Она што се случи после врската најмногу ми пречеше. Имав некои непријатности од разни новинари кои пишуваа невистини и мои коментари тие не сакаа да објавуваат “, рече Цветковиќ.

Тој денес ја ситни педесетката и изгледа доста поразлично. Сè уште е во добра форма, тој стана успешен бизнисмен посветен на медицината, односно бизнисот со трансплантација на коса.

А по догли години, пејачката сега е видена во јавноста со ново момче во еден белградски ресторан, а неодамна со него беше и на Јахорина...

Богдан Срејовиќ е 8 години помалд од неа, а во јавноста се појавија папарацо фотографии од еден ресторан, кои докажуваат дека се навистина двојка.

38-годишниот угостител е роден во Белград и е разведен пет години. Инаку, тој е поранешен сопруг на сегашната девојка на Саша Ковачевиќ, Зорана. Богдан ја има ќерката Искра со својата поранешна сопруга, а судејќи според профилот на Инстаграм на момчето на пејачката, тој остана во добри односи со неговата поранешна сопруга, но и Саша Ковачевиќ. Пред една година, пејачката објави заедничка фотографија кога семејството беше излезено на пијачка, што докажува дека имаат коректна комуникација.

Срејовиќ со години се занимава успешно со угостителство, а Ражнатовиќ сосема случајно го запознала на прославата на својата другарка во еден ресторан. По неколку средби помеѓу нив се родила љубов.