Тој е машина за правење пари: Роналдо отвори Јутјуб канал и за 90 минути го урна рекордот! Го чека огромна заработка

Кристијано Роналдо го отвори својот официјален канал на YouTube (Youtube) и брзо собори нереален рекорд.

Само 90 минути му беа доволни на Португалецот да добие дури 1.000.000 претплатници, што е апсолутен рекорд на оваа платформа. Никој пред Роналдо не успеа да стигне до милион корисници за толку кратко време.

Крстијано моментално има околу 15 милиони следбеници и нема сомнеж дека трендот на раст ќе продолжи.


Секако, милионите прегледи ќе му донесат огромни пари!

Португалецот има за цел да добие 400 милиони прегледи на своите видеа, со што само од YouTube може да заработи од три до пет милиони долари месечно.

Неговата прва епизода со неговата избраничка Георгина веќе надмина 10 милиони прегледи и собра над 100 илјади коментари.

Кристијано на својот канал ќе објавува детали од приватниот живот, ќе носи специјални гости и ќе прави интервјуа со нив, а чести актери ќе бидат членови на неговото семејство - неговата избраничка Георгина и децата.



Foto: YouTube/UR · Cristiano