Тој имаше 19, а таа 25 години: Сопругата на хрватскиот фудбалер Лука Модриќ му помагаше на симпатичен начин на почетокот на неговата кариера

Името на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, им е добро познато дури и на оние кои не се занимаваат со овој спорт, но и дека тој е редок талент кој ретко се гледа во светот, а камоли на Балканот

Додека сè уште ги правеше првите професионални фудбалски чекори, дамата која сега му е сопруга, на симпатичен начин му помогна на Модриќ да напредува.

Момчето од Задар кој денес има 37 години, а има уште многу успеси пред него, иако некои негови врсници во голема мера ги оставија копачките, е голема ѕвезда на Реал Мадрид.

За време на долгата и успешна кариера Лука со себе имаше важна и жестока поддршка - убавата економистка Вања Босниќ, која во меѓувреме му стана сопруга.

View this post on Instagram

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)


Кога се запознале, Модриќ имал 19 години, а Вања 25. Во првите години од кариерата, кога настапувал за Динамо Загреб, парот бил вљубен до пети и биле неразделни. Здравко Мамиќ еднаш, зборувајќи за исклучителната работна дисциплина на Модриќ, откри дека Вања го снима секој натпревар на својот сакан, за да може фудбалерот да ги анализира неговите евентуални грешки дома.

Тогаш Вања работеше во агенцијата на Мамиќ, а хрватските медиуми пишуваа дека се започнало од нејзиниот тричасовен телефонски разговор со Лука и дека врската била толку сериозна од самиот почеток што почнале да живеат заедно по шест месеци.

View this post on Instagram

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)


По четири години, на 12 мај 2010 година, тие се венчаа во Загреб, а невестата до олтарот ја придружуваше Здравко Мамиќ, кој на некој начин беше нивниот Купидон. Тие го кажаа судбоносното „да“ во црквата Богородица од Лурд, а венчавката се одржа во луксузен хотел.

Набргу потоа Лука и Вања го добија синот Иван, а три години подоцна ќерката Ема, додека малата Софија се роди во 2017 година.

Убавата економистка беше покрај својот сопруг во најважните моменти во неговиот живот и големите трансфери, прво во англискиот Тотенхем, а потоа и во шпанскиот Реал Мадрид.

View this post on Instagram

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)


Важи за сопруга на фудбалер која не се експонира претерано, секогаш е совршено облечена и елегантна, а најубав додаток ѝ е широката насмевка во секоја прилика.