Тој ја знаел секоја тајна на човековата душа: Карл Јунг сфатил дека среќата лежи во овие 5 работи
- Главната привилегија која може да ја имате во животот е да станете она што сте, зборуваше познатиот психијатар.
Швајцарскиот психијатар и основачот на аналитичната психилогија, Карл Густав Јунг, беше многу многу повеќе од човек што ни ги даде концептите на несвесното. Јунг беше специјалист во областа на човечките емоции, фантазии, потреби и патеки што нѐ водат до крајната среќа.
„Сите ние сме извори на лебдечкото зло. Јас не сум тоа што ме прави животот, туку она што сакав да станам“ - кажа Јунг во едно интервју.
Познатиот доктор знаеше дека луѓето се еднакво способни за ужасни и за прекрасни работи. Веруваше дека личноста може да ги сфати сопствените надежи и соништа единствено низ индивидуализацијата, а овој интересен концепт е тесно поврзан со значењето кое д-р. Јанг го смести во концептот среќа.
Веруваше дека индивидуализацијата е процес кој доведува до остварување на ментална слобода. Таквата слобода ни дозволува да живееме без страв или анксиозност и да станеме холистик кој нема потреба да крие ништо.
Има многу начини за човекот да стане среќен. Но, многуми од нив го водат човекот во стапица на позитивност, што во суштина влијае само на „врвот на ледениот брег“. Ваквите методи се далеку од реалноста и не ви нудат конкретно решение, туку живот во илузии.
Јунг наведува 5 работи кои го сочинуваат рецептот за среќа, но исто така вели дека доколку опсесивно го следите, на крајот ќе добието контраефект. За да бидете среќни, Јунг смета, дека мора да имате јасна визија за своите цели, мора да бидете флексибилни и да верувате во својата интуиција.
„Мора да научите да го препознаете чувството на синхронизација, кое ќе ви го исполни животот со неочекувани чуда“ - зборуваше експертот.
Ова е неговаа листа од 5 работи кои човекот го прават среќен:
1. Силно физичко и психичко здравје
2. Здрави врски
Да живееш изолирано од другите луѓе е погрешно. На секој му е потребно внимание, пријателство, сигурност и љубов. Морате со некој да комуницирате, споделувате, ширите погледите, да се грижите за некој и некој да се грижи за вас... Без тоа нема среќа.
3. Способност да ја согледате убавината на уметноста и природата
Креативните личности создаваат свои емоции, креативност, идеали, иновации и вештини во работите кои настануваат од нивната мечта и тоа е она што Јунг го нарекува колективно несвесно. Мора да бидете способни да го цените она што ве восхитува, носи задоволство и прави среќни. Истото важи и за способноста да ја цените природата. Сите ние сме деца на природата. Секое суштество и место на планетата може да ни даде важно знаење, само треба да знаете каде да го барате.
Според Карл Јунг, среќата е невозможна без духовна исполнетост. Не е важно дали е во прашање религијата или филозофијата, туку тоа дека верувањето во нешто може да биде основа за вашата добра состојба. Верата дава значење и го продлабочува секое искуство и го исполнува вашето постоење со значење и цел.
5. Интересна работа
Јунг многу зборуваше за тоа дека во детството сакал да биде археолог. Животот сепак го одвел кон медицината, а потоа се одлучил за психијатријата. Во душата секогаш останал антрополог, па секогаш „копал“ што подлабоко во душата на човекот.
Колку ќе ви биде интересна работата, не зависи секогаш од вас, но доколку ги направите вистинските одлуки во кариерата кои ве водат кон вашите цели, тогаш пронаоѓањето на работа која ја сакате ќе биде лесно.
фото: Profimediaизвор: stil.kurir.rs