Толку драма за Џенифер Лопез дека користи ботокс: Па видете ја, ваква е во реалноста

Ја распнаа периодов дека користи ботокс и дека не е природна каква што се прикажува. Но едно е кога ја гледаме на сцена, на фотошопирани фотографии, а друго е во реалноста. Доста критики деновиве се упатени кон латино дивата Џенифер Лопез во врска со нејзиниот изглед. Најчесто негативни. 

Таа само додаде:

- Тоа е само моето лице. Никогаш не сум била на ботокс, инјекции или операции. Само кажувам. Еве уште еден совет oд Џеј Ло за вас: обидете се да го искористите вашето време на начин попозитивен, љубезен и мотивирачки за другите. Не трошете време да ги омаловажувате другите, тоа ќе ве направи поубави и помлади. Испраќам бакнежи- вели Лопез за критиките.

Ло е на самиот врв од својата кариера. На 51 година изгледа како да има 30, но светската музика дива Џенифер Лопез не изгледа 100 % исто како на фотографиите кои ги пласира. И сето тоа е шоу бизнис, камери, шминкери, стилисти, ретуширања... Така „се прдава“.

Новата 2021 година ја започна со годишен одмор на островите Турк и Каикос, од каде првпат ги почести своите следбеници на Инстаграм со поглед на нејзините познати облини. Сепак, задникот и бутовите го одвлекоа вниманието. Има целулит скоро како и секоја жена на планетата. 


А, еве во какви изданија ја уловија папараците низ годините и со ова се докажува дека и таа има проблеми како и сите жени на тие години:

На лицето нема ботокс кога ја сликаат папараците.