Тренд // Стил
Толку грди, врска немате: Револтирани фанови за новите влечки на Ким Кардашијан и Канје Вест
- 04 Декември, 2020
И двајцата се тендсетери. И двајцата заработуват енормно, таа старлета, тој рапер. Двојката Ким Кардашијан и Канје Вест секогаш се во фокусот на вниманието, а често и со нивните модни линии.
Овој пат, вниманието го одблекуваат специјално дизајнираните влечки. Голема фама за крена на социјалните мрежи, а многумина ги окарактеризираа како крајно грди и им упатија зборови дека појма си немаат од дизајнирање.
Иако чинат 65 долари, ни на модните критичари не им се допаднаа, па ги сметаат за најголема модна грешка во 2020 година.